Ферстапен: Одлична трка, убаво е чувството да дојдете од деветтата до првата позиција

Макс Ферстапен стигна до уште една голема победа во Формула 1 шампионатот. На Големата награда на Мајами холандскиот стратег започна од деветтата позиција, а извозе фантастична трка за највиското место на пиедесталот.

Возачот на Ред Бул по трката не го криеше задоволството од победата велејќи дека за истата пресудила тимската стратегија за користење на тврди пневматици.

„Одлична трка. Бегав од проблеми од самиот старт и извозев уште една чиста трка во која совладував еден по еден болид. Долго останав на тврди пневматици и мислам дека тоа ја направи разликата, а на крајот можевме да видиме и борба со Чеко. На квалификациите имавме мали проблеми, но сега се беше мирно. Убаво е чувството да дојдете од деветтата позиција до победа. Зборевме за оваа стратегија за пневматиците бидејќи не знаевме какво ќе биде времето, но на крајот се се поклопи и многу сум среќен“, вели Ферстапен.

Се вчитува...