Ферстапен прв во Мајами, 1-2 победа за Ред Бул

Возачот на Ред Бул Макс Ферстапен, беше најврз на трката во Мајами за ГН на САД. Во 57 круга, Ферстапен иако стартуваше од деветата позиција, на крајот стигна до првата позиција.

Победата 1-2 на Ред Бул ја комплетираше Серхио Перез, кој стартуваше од првото место, но на крајот мораше да му го предаде тронот на неговиот клупски колега. Тој беше со заостанување од 2,491.

Трет заврши Фернандо Алонсо од Астон Мартин, а во првите пет влегоа и Џорџ Расел од Мерцедес и Карлос Сајнц од Ферари. Луис Хамилтон беше шести. Сајнц најмногу потфрли, со оглед дека стартуваше од третото место, и на крајот падна за две позиции. Сепак, најголем губитник е Магнусен, кој стартуваше од 4. позиција, а заврши на 14. место на крајот од трката.

Се вчитува...