Ферстапен: Ривалите нѐ копираат, нормално е дека ќе бидат подобри

Новата сезона во Формула 1 шампионатот донесе интересна трка во Бахрерин каде Макс Ферстапен, Серхио Перез и Ред Бул ја продолжија доминацијата, но добија нов конкурент за шампионската титула во Фернандо Алонсо и Астон Мартин.

Астон Мартин во текот на летото ангажираше персонал од Ред Бул кој помогна во максимизирање на перформансите, а на оваа тема сега говореше и Ферстапен велејќи дека останатите тимови го копираат болидот на неговиот тим.

„Нормално е дека ривалите напредуваат. Погледнете ги поголемиот дел од болидите, се се тоа копии на нашиот бидејќи тимовите научија како да го максимизираат својот перформанс во рамки на новите правила. Ако постои еден болид кој е исклучително брз, останатите ќе ископираат делови од неговите елементи.

Не мислам дека распоредот на возачите на подиумот значи дека промената на правила донесе подобрување на тркањето. Треба да му е даде знак на почит на шефот на Астон Мартин Лоренс Строл. Неговата визија и амбиција со помош на главните луѓе на Ред Бул се заслужни за напредокот на тимот. Сите имаат шанса, но ми се чини дека само еден тим сака да направи што и да е потребно за да победи. Горд сум што сум дел од тој тим“, вели Ферстапен.

Се вчитува...