Ферстапен: Сите се среќни во Ред Бул, но јас…

И покрај тоа што заврши на второто место на трката за големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 шампионатот која се возеше во Џеда откако стартуваше од 15. место, Макс Ферстапен вели дека не е задоволен од тоа како заврши трката за него.

Победата ја однесе неговиот клупски колега Серхио Перез, а Ферстапен се проби од 15. стартно место се до подиумот.

„Дојдов до второто место и сите во тимот се среќни. Но јас лично не. Не дојдов да бидам втор, особено не по напорна работа и максимална подготовка. Мораше да бидеме подобри, чист викенд би ни бил добар“, изјави актуелниот шампион.

Се вчитува...