Ферстапен збесна: Еб*н идиот ! (ВИДЕО)

Естебан Окон, пилотот на Форс Индија комплетно ја уништи шансата на Макс Ферстапен за победа на Формула 1 трката во Бразил. Холанѓанецот беше во водство кога во 44 круг, Окон го закачи доволно за овој да излета од патеката, а потоа веќе не се врати во трката на која триумфираше Луис Хамилтон.

Бесниот Ферстапен не бираше зборови за да го навреди Окон преку тимското радио.

„Еб*н идиот, Еб*н идот“  – повторуваше возачот на Ред Бул.

По завршувањето на трката Ферстапен се обиде физички да се пресмета со Окон, но беше спречен поголем инцидент. Обиот за пресметка го чинеше Ферстапен дисциплинска санкција. Два дена добротворна работа во корист на ФИА во следните шест месеци. Вака му пресудија стјуардите на Холанѓанецот.

 

 


Се вчитува...