Фешта: Парма две години по банкротот се врати во „Серија Б“

Големо враќање на Парма! Две години откако овој клуб банкротираше и беше преселен во најнизок ранг на натпреварување, Парма успеа да се врати во Серија Б.

Тимот што пред десетина години беше вбројуван меѓу најдобрите во Италија поради огромните долгови мораше да прогласи банкрот, но откако тргнаа „од нула“ на фудбалерите на Парма им тргна, па денеска обезбедија и влез во втората лига, откако во големото финале од плејофот славеа против Алесандрија со 2-0.

Трибините на домашните натпревари на Парма се полни до последно место, истото сигурно ќе биде случај и следната сезона во Серија Б, се со цел оваа екипа експресно да се врати во елитното италијански фудбалско друштво.

Amazing Goal Scavone M. (1:0) Parma vs Alessandria by GoalHunter1

Се вчитува...