Фешта во Дортмунд: Дерби-победите се најслатки (видео)

Слатки се победите над Баерн Минхен, но оние најверни фанови на Борусија Дортмунд ќе признаат дека за нив уште позначајни се пресметките со Шалке, во рурското дерби против вечниот ривал од регионот.

Токму затоа стотици фанови се собраа за да ги дочекаат своите миленици по големата победа во Гелзенкирхен, со која Борусија останува цврсто на чело на бундеслигашката табела. И самите фудбалери беа изненадени од шоуто што им го приредија нивните верни фанови, со богата „пиротехничка програма“ одбележувајќи го триумфот над Шалке.

 

Се вчитува...