Жозе Мурињо има бројни незаборавни победи во кариерата, но оваа синоќешната со Бенфика над Реал Мадрид сигурно ќе ја памети цел живот.
Затоа што во судиското продолжение го повика голманот Трубин да се пресели во противничкиот шеснаесетник, а токму украинскиот чувар на мрежата беше стрелец на голот со кој неговата Бенфика обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на Шампионите.
Ерупција од вооушевување меѓу сите присутни на стадионот, секако и кај самиот Жозе, кој славеше еуфорично, прегрнувајќи едно од децата задолжени за враќање на топките крај аут линијата и славејќи свртен кон трибините и свечените ложи на стадионот во Лисабон.
Апсолутно заслужено славје…
Mourinho with the ball boy 🤣🤣 pic.twitter.com/irQjZ6mHGA
— MatchdayMonitor (@MatchdayMonitor) January 28, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

