Фетел: Бевме многу бавни, не знам во што е проблемот

Себастијан Фетел пред стартот на новата сезона најавуваше атак на шампионската титула, но првата трка во Мелбурн беше огромно разочарување за Германецот. Болидите на Ферари очигледно многу заостануваа на брзина зад оние на Мерцедес, па Фетел на крајот остана без подиум, освојувајќи го само четвртото место на австралиското гран-при.

„Не остана ништо од гумите, максимално ги искористив. Не знам што се случи, очигледно бевме многу бавни. Немав никаква шанса да се борам за пласман во Топ 3, се грижев само да ја довршам трката. Не знам што е проблемот, но јасно е дека ќе треба многу да работиме во следниот период. Севкупно гледано ова беше разочарувачки викенд за Ферари“ – истакна Фетел по трката.

Фетел и Ферари ќе имаат шанса за поправен на трката за ГН на Бахреин што ќе биде на програмата на 31 март.

Се вчитува...