Фетел: Дајте му на Хамилтон болид на Ферари, па да видам дали ќе победи

Себастијан Фетел е уверен дека доколку Ферари му обезбеди конкурентен болид тој ќе биде убедливо прв на секоја трка во Формула 1. Поранешниот светски шампион во тандем со Шарл Леклер се далеку од резултатите кои се очекуваат од реномето на италијанскиот тим.

„Дајте ми подеднакво добар болид каков што имаат останатите тимови и сигурен сум дека никој нема да биде пред мене. Дајте му на Хамилтон болид на Ферари сигурен сум дека нема шанси да победи“, изјави Фетел. 

Караванот на најбрзиот „циркуз“ во светот се сели во Велика Британија каде на 2. и на 9. август ќе се возат две трки на патеката на „Силверстоун“.

Се вчитува...