Фетел: Хамилтон си игра со нас

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел е фрустриран поради доминацијата на Луис Хамилтон и Мерцедес во годинашниот шампионат во Формула 1. Тој е свесен дека не можат да бидат достоен противник на актуелниот првак, а колку е Ферари далеку од Мерцедес, најдобро покажа последната трка за ГН на Франција.

„Мора да престанеме да се лажеме. Хамилтон си игра со нас. Ризикував се за да постигнам најбрз круг, а Хамилтон стигна до истото време со потрошени гуми“, изјави Фетел.

По осум трки во светскиот шампионат, Мерцедес доминира и во конкуренција на возачи и во конкуренција на конструктори. Хамилтон е лидер со 187 бода, 36 повеќе од клупскиот колега, Валтери Ботас. Трет е Фетел со 111.

Следната трка на програмата е на 30. јуни во Австрија.

Се вчитува...