ФФМ ги плаќа ковид-тестовите и за второлигашите: Стартот на пролетта во сабота

Фудбалската федерација на Македонија, како и за прволигашите, и за второлигашките екипи ќе ги покрие трошоците за тестовите за Ковид-19 пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Вкупно 20 второлигаши пред стартот на вториот дел од првенство овој викенд мора да бидат подложени на ковид-тестови, кои ќе ги покрие ФФМ.

Натпреварите од вториот дел од шампионатот во двете втори лиги стартуваат во сабота (27. февруари).

Се вчитува...