ФФМ: Има вирус во А-тимот, не се работи за труење со храна

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, на вечерашниот официјален тренинг немаше на располагање дури петмина фудбалери поради стомачен вирус кој владее во националниот тим. Лекарскиот тим се обидува да ја стабилизира состојбата, а со соопштение се јави и ФФМ.

„Досегашните испитувања и добиените резултати од клиничката болница „Систина“, а поврзано со стомачните тегоби на кои се жалеа неколкумина фудбалери од А репрезентацијата на Македонија, покажуваат дека се работи за стомачен вирус. Испитувањата даваат слика дека објективната причина за состојбата на дел од фудбалерите во националниот тим не е труење со храна. Дополнително се преземени сите неопходни мерки од епидемиолошки аспект за целосно утврдување на причината за настанатата состојба. Лекарскиот тим во репрезентацијата постојано ја следи состојбата на сите вклучени во националниот тим и ги презема неопходните активности“, велат од Фудбалската федерација на Македонија.

Се вчитува...