ФИА го врати Алонсо на третото место во Саудиска Арабија

Втората Голема награда во сезоната донесе нова интересна трка во Саудиска Арабија каде Ред Бул ја продолжи доминацијата со еден-два победа, но овој пат во спротивен распоред со Перез највисоко на пиедесталот.

Третото место повторно му припадна на Фернандо Алонсо, а откако му беше одземено, сега официјално Шпанецот е вратен на позицијата број три.

Возачот на Астон Мартин доби казна од 10 секунди за неправилно одработување на казната од десет секунди за лошото позиционирање на стартот на трката, но откако клубот официјално се пожали за казната, по дополнителното прегледување на снимката утврдено е дека не дошло до прекршок.

За легендарниот возач кој два пати ја освојуваше титулата светски шампион тоа е јубилејно 100. искачување на пиедесталот.

Се вчитува...