ФИБА ранкинг: Сенироите на 29 место во Европа, на 53. место во светот

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија забележа скок од едно место на ранг листата на ФИБА и во моментот е 29. пласирана репрезетнација во Европа, односно се наоѓа на 52. позиција во светот.

На првата позиција остнаува САД, а зад нив следат Шпанија, Австралија, Словенија, Франција, Србија, Аргентина, Литванија, Италија и Грција. Притоа меѓу првите десет светски сили има само една промена со тоа што Литванија ја престигна Италија за осмата позиција.

Од останатите репрезентации од поранешната држава, Хрватска се наоѓа на 21. место, Црна Гора на 25. место и Босна и Херцеговина на 45. место. Од соседството зад нас се Бугарија (53. место), Косово (71. место) и Албанија (106. место).

Се вчитува...