ФИФА бара: Помалку „жешки“ девојки за време на ТВ-преносите

ФИФА прави обид да го запре сексизмот на телевизиските станици кои што го пренесуваат Светското фудбалско првенство во Русија. Затоа Светската фудбалска федерација побарa сите телевизии да престанат да ги лоцираат и да ги емитуваат на програма, згодните навивачки кои што се на трибините. Стравувањата пред турнирот беа дека во Русија ќе има проблеми пoврзани со хомофобијата, но сепак се покажа дека сексизмот е главната тема.

„Постојат најмалку 30 документирани случаи во кои, главно руски девојки биле „вознемирувани на улица“ од навивачи токму поради телевизиските преноси, а се верува дека бројот на случаи е десет пати поголем“ – велат од од најголемата антидискриминациска организација ФАРЕ во врска со овој проблем.

ФАРЕ и ФИФА се во постојана соработка околу прашањата за дискриминација во светскиот фудбал. Поради реакциите од организацијата, локалните власти и организаторот ќе и помогнат на полицијата да ги идентификува навивачите кои ги вознемирувале жените, а ФИФА побара од сите телевизиски куќи кои го емитуваат Светското првенство да запрат со постојаното прикажување на девојки  кои добро изгледаат.

Од ФАРЕ се надеваат дека оваа политика на  ФИФА ќе се спроведува и во иднина на следните големи настани.

Се вчитува...