ФИФА ги објави тројцата финалисти за наградата „The Best”

ФИФА денеска ја објави листата од тројца финалисти за наградата “The Best”, што светската куќа на фудбалот од неодамна почна самостојно да ја доделува на најдобрите фудбалери.

Роберт Левандовски, кој беше добитник на признанието минатата година, повторно се најде на листата на финалисти, каде друштво му прават Лионел Меси и Мохамед Салах. Меси, кој ја доби оваа награда во 2019, веќе се закити со „Златна топка“ за 2020 година, па останува да се види дали Аргентинецот ќе стигне до ново индивидуално признание за изминатата година, во која реално играше далеку под своето препознатливо ниво.

Мохамед Салах важи за аутсајдер од финалното трио, Египќанецот имаше брилијантни игри за Ливерпул, но не освои ниту еден единствен трофеј во 2021, па неговите шанси за кревање на големата награда се сведени на теорија.

Се вчитува...