ФИФА: Ниту еден случај на допинг на Мундијалот во Русија

ФИФА објави дека ниту еден од повеќе од 3.000 примероци тестирани за допинг во пресрет и на Светското првенство во Русија не е позитивен.

Од ФИФА објавија дека 2.761 примероци се земени пред Мундијалот 2018 а вкупно 626 за време на шампионатот што е најголем број допинг тестови во историјата на светските првенства.

„Тестирањата се извршени според ВАДА, со контрола на хематолошки модул преку крвта и стероиден модул преку урина. Независни стручњаци ги контролираа тестовите по што се изведени крајно прецизни заклучоци“ – информираат од ФИФА.

Во просек секој фудбалер оваа година е тестиран 4,41 пати, а некои играчи и по осум пати. Сите примероци ќе бидат чувани 10 години како би биле достапни за потенцијални дополнителни тестирања.

Се вчитува...