ФИФА номинации за наградата „Пушкаш“: Жиру, Кастелјанос или Mасулуке (ВИДЕО)

ФИФА ги одреди трите најдобри голови во сезоната 2016/2017 за престижната награда „Пушкаш“, за која победник се назначува преку гласање на љубителите на фудбалот.

Во конкуренција се три прекрасни погодоци, во изведба на Оливие Жиру, Дејна Кастелјанос и Оскарин Масулуке, а еден од нив на 23. октомври ќе го превземе тронот од Мод Фаиз Субри, фудбалерот на малазискиот тим, Пенанг.

„Шкорпија“ голот на напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру, по асистенција на Алексис Санчез беше првиот од двата погодоци на Арсенал со кои го совладаа тимот на Кристал Палас во првиот ден од 2017 година.

Репрезентативката на Венецуела до 17 години, Дејна Кастелјанос постигна гол од центар во судиското надополнување на средбата против Камерун, ги обезбеди трите бода за нејзината репрезентација, а голот беше прогласен за најдобар на Светското првенство за жени до 17 години.

Голманот на јожноафриканскиот тим Барока, со „ножички“ ја затресе мрежата на Орландо пајретс во последните секунди од мечот и така го спаси својата екипа од пораз.

 https://www.youtube.com/watch?v=ryX4qy7PrPchttps://www.youtube.com/watch?v=wGOhxt5Ksc0https://www.youtube.com/watch?time_continue=13&v=Z0FHfkAHmyE

Се вчитува...