ФИФА одлучи: Русија дефинитивно во „аут“, Полска директно во финале во баражот за СП!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека Русија нема да учествува во бараж натпреварот за пласман на СП во Катар, и Полска доби учество во финалето без борба, и ќе го чека подобриот од дуелот Шведска – Чешка.

Одлуката беше донесена уште пред 10 дена како последица од нападот на Русија врз Украина. Во Цирих денеска е верифицирано дека Полска добила „вајлд-карта“ и директен пласман во финалето.

Со тоа ќе се играат нормално и овие бараж натпревари, додека поместени ќе бидат само оние каде учествува Украина, односно дуелот против Шкотска и тие ќе се играат во јуни. Победникот од тој дуел игра со подобриот од Австрија – Велс.

Одлуката на ФИФА на следниот ЛИНК.

Се вчитува...