ФИФА покрена постапка против ФА и англиските навивачи

Светската фудбалска федерација (ФИФА) покрена истрага против Фудбалскиот асоцијација на Англија поради однесувањето на навивачите во полуфиналето на СП 2018 против Хрватска.

ФИФА наведува дека истрагата е покрената поради потенцијалното дискриминаторско однесување на навивачите на Англија за време на натпреварот со Хрватска.

Англија, и покрај тоа што поведе против Хрватите со 1-0, на крајот по продолженијата загуби со 1-2 па сега ќе игра во битката за третото место на СП против Белгија. Мечот за бронзата е утре од 16 часот.

Се вчитува...