ФИФА се изјасни: Нема казна за Интер за „случајот Модриќ“

Светската фудбалска организација ФИФА нема да го казни Интер за „случајот Модриќ“. Европскиот првак Реал Мадрид го обвини раководството на Интер дека се обидело да оствари контакт со хрватскиот фудбалер, и покрај тоа што има актуелен договор со „кралскиот клуб“, и поднесе жалба до структурите на ФИФА.

Сепак, по комплетно разгледување на случајот, одлучено е дека Интер не направил престап, и ќе мине без казна. За ова со писмо се информирани двата клуба, со што ФИФА и дефинитивно стави точка на „случајот Модриќ“, кој предизвика голема бура во фудбалска Европа ова лето.

Се вчитува...