ФИФА се огласи за „случајот Јапонија“: Подобро картони и фер-плеј отколку ждрепка

ФИФА со воведувањето на критериумот за фер-плеј во рангирањето на репрезентациите сакаше да ја избегне ждрепката, информираа од Светската фудбалска федерација пред медиумите во Москва.

„Едноставно, сакавме да ја избегнеме лотаријата со додавање уште еден критериум пред неа. По СП ќе направиме анализа и ќе видиме како е тоа прифатено. Засега не гледаме дека треба нешто да се менува“ – вели Колин Смит, претставникот на ФИФА.

Ова правило за гледање на бројот на картони при рангирањето на селекциите со ист број бодови и гол-разлика, ФИФА го воведе токму за Мундијалот во Русија. Прв тим во историјата на светските првенства кој мина во следната фаза токму врз основа на ова правило е Јапонија која токму поради помалиот број на жолти картони заврши пред Сенегал во групата.

Се вчитува...