ФИФА со дисциплинска постапка против Јувентус

По истагата за ланскиот трансфер на Пол Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед, ФИФА покрена дисциплинска постапка против италијанскиот гигант. Иако не е презицирано поради што конкретно е покрената постапката против Јуве, претпоставките се дека се работи за кршење на правилото за сопственост на третата страна над играчот.

Трансферот на Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед беше вреден 110 милиони евра. Во медиумите беше објавено дека менаџерот на Погба, Мино Раиола, во тој трансфер заработил над 40 милиони евра, со тоа што Јувентус наводно, му платил 27 милиони евра од таа сума. А, со промената на правилата од мај 2015 година, менаџерите и агенциите не смеат да земаат процент од трансферот од клубот од кој заминува играчот.

ФИФА исто така објави дека во врска со трансферот на Погба, против Манчестер јунајтед не е покрената никаква постапка.

Се вчитува...