Фијаско за Ферстапен, пол-позиција за Перез во Саудиска Арабија

Серхио Перез ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за ГН на Саудиска Арабија, откако овој возач имаше извонреден круг со кој оствари најдобро време и ги остави зад себе конкурентите.

Квалификациите сепак ќе останат запаметени по фијаското што му се случи на светскиот првак Макс Ферстапен. Асот на Ред Бул делуваше моќно на тренинзите, но денеска немаше среќа со болид, па поради проблем со напојувањето беше принуден предвреме да ги заврши овие квалификации и утрешната трка ќе ја стартува од 15. позиција.

Шарл Леклер имаше второ најдобро време денеска, но поради казната од десет позиции возачот на Ферари утре ќе стартува од 12. место.

Фернандо Алонсо имаше трето најдобро време, но утре ќе биде второпласиран на стартот од трката, пред Џорџ Расел.

Се вчитува...