Фил Јагиелка ја заврши кариерата

Поранешниот англиски репрезентативец Фил Јагиелка, објави крај на кариерата на 41 година. Стоперот е без клуб од летоска, откако беше ослободен од Стоук, кој му беше последен клуб. Покрај нив, фудбалерот играше и за Шефилд Јунајтед, Евертон и Дерби Каунти. Дебито во професионалниот фудбал го имаше во 200 година.

Јагиелка беше во репрезентацијата на Англија од 2008 до 2016 година, играјќи 40 пати во дресот со државниот грб. Постигна три гола.

Во 2005/2006 година беше прогласен за играч на сезоната во Чемпионшип. Од 2013 до 2019 беше капитен на Евертон, со кого играше финале на ФА Купот. Јгиелка одигра 805 натпревари и постигнати 46 гола.

Се вчитува...