Фил Невил ја напушти репрезентацијата на Англија, следен предизвик – Интер Мајами

Фил Невил веќе не е тренер на женската фудбалска репрезентација на Англија, потврдија од ФА. Со оваа одлука Невил само ги потврди шпекулациите дека тој ќе биде нов тренер на МЛС екипата на Интер Мајами, чиј сопственик е неговиот добар пријател и соиграч од Манчестер Јунајтед Дејвид Бекам.

Фил Невил ја водеше репрезентацијата на Анлгија до полуфиналето на Светското првенство во 2019 година каде беше поразена од Соединетите Американски Држави. Ова за Фил Невил ќе биде прв тренерски ангажман во машка конкуренција.

 

Се вчитува...