Филип Ивановски стрелец во победата на Јавор

Македонскиот напаѓач Филип Ивановски партиципираше со еден погодок во победата на Јавор Ивањица од 3-2 против Рад во 12. коло од шампионатот на Србија.

На дуелот пред своите навивачи Јавор стигна до триумфот со пресврт, откако гостите претходно имаа водство од 1-2 на полувреметот.

Ивановски беше стрелец на првиот гол за Јавор во 15. минута, за израмнување во тие моменти на 1-1. Ова е втор гол сезонава за Ивановски во дресот на својот нов клуб.

Јавор Ивањица по 12 кола со само 7 бода е на претпоследната позиција на табелата во најсилната српска лига.

Се вчитува...