Македонскиот првак Еурофарм Пелистер останува без услугите на голманот Филип Илиќ за следната сезона. Откако беше во сенка на Никола Митревски, Илиќ од Битола се сели во Нови Сад, каде што треба да потпише за екипата на Војводина. Оваа информација ја објави српски Дневник.
Ивиќ, кој има богато интернационално и репрезентативно искуство, додје во Битола во 2024 година од тимот на Шамбери. Претходно настапуваше за Загреб, Цеље, Гумерсбах, а најславните денови во својата кариера ги запиша од 2016 до 2019 кога играше во Киелце.
Ивиќ треба да биде решение за голманската позиција на српскиот тим, кој има проблем со чуварите на мрежата во овој момент. Ивиќ со Пелистер освои две шампионски титули во домашното првенство, а беше дел и од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА