Филип Јаневски, ново засилување на Вардар

Вардар продолжува со засилување на играчкиот кадар за наредната сезона откако „црвено-црните“ го комплетираа трансферот на Филип Јаневски.

Станува збор за фудбалер кој настапува во средниот ред и лани го носеше дресот на Скопје. Токму Јаневски беше меѓу најзаслужните што Скопје обезбеди опстанок во елитното друштво, но талентираниот плејмејкер летово сепак се реши да ги промени клупските бои и да се пресели во таборот на „црвено-црните“.

Вардар досега ги ангажираше Симеон Христов, Јован Попзлатанов и Дарио Десниќ, со јасна цел да биде составена екипа што ќе обезбеди влез во Првата лига.

Се вчитува...