Филип Костовски ново засилување за Македонија ЃП

Филип Костовски е најновото засилување за Македонија Ѓорче Петров за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. 18-годишниот Костовски во Ѓорче Петров доаѓа од редовите на Тиквеш, а претходно во кариерата има настапувано и за Силекс.

Покрај Филип Костовски, претходно договор со тимот од Ѓорче Петров постигнаа и Кристијан Костовски и Црногорецот Балша Бановиќ.

 

Се вчитува...