Филип Лазаров: Не ги исполнивме задачите, промашувавме зицери, а моравме да бидеме перфектни

ЕКИПА во Минхен,

Ставен Цаневски

Ракометната репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз на Мундијалот. Во третиот меч поразени сме од селекцијата на Хрватска (22-31). Раул Гонзалес е надмудрен од стариот лисец Лино Червар.

Филип Лазаров вели дека ракометарите не ги исполнија задачите, потфрлија и во одбраната и во нападот. На првиот ’тврд орев’ – Македонија потфрли.

„Не ги исполнивме задачите од селекторот Раул Гонзалес. Не бевме на потребното ниво и во одбраната и во нападот. Промашувавме зицери. Така не може да се победи Хрватска. Моравме да бидеме перфектни за да се надеваме на позитивен резултат“, изјави Филип Лазаров по поразот од Хрватска.

 

Се вчитува...