Филип Лазаров од Пелистер во Бешикташ!

Само неколку месеци траеше престојот на Филип Лазаров во Пелистер, откако македонскиот репрезентативец денеска доби раскин на договорот со битолскиот прволигаш. Левиот бек без поголеми проблеми си најде нов клуб, решавајќи се за нов интернационален предизвик со преселба во редовите на турскиот првак Бешикташ.

Заминувам од Пелистер, денеска и написмено добив раскин на договорот. Со 99% сигурност можам да кажам дека нов клуб ќе ми биде Бешикташ, останува само уште да средиме неколку детали за договорот да се официјализира и да заминам за Истанбул“ – изјави Филип Лазаров за ЕКИПА.

Лазаров за соиграч во новиот клуб ќе го има поранешниот соиграч од Вардар, Немања Прибак, кој во претстојната ЕХФ недела повторно ќе добие шанса и во македонскиот национален тим.

Се вчитува...