Филип Милошевски реизбран во Арбитражната комисија на ИХФ

Првиот оперативец во Ракометната Федерација на Македонија, Генералниот секретар Филип Милошевски, беше реизбран како член на Арбитражната комисија на ИХФ, на денешниот Конгрес на Светската Ракометна Федерација.

Хасан Мустафа останува на чело на ИХФ уште еден мандат, а на Конгресот беа ревидирани и комисиите на светската куќа на рракометот. Во случајот на Милошевски, неговата добра работа и пријателскиот однос што раководството на РФМ го изгради со ИХФ беше причина тој да остане дел од Арбитражната комисија и во следниот период.

Заедно со Генералниот секретар на РФМ, се гласаше уште и за Нурул Фазал Булбул од Бангладеш и Мигел Фернандеш од Португалија, ова трио доби 104 гласа „За“, наспроти само осум „Против“ и седум воздржани.

Се вчитува...