Филип Поповски директор на мечот Милан-Ливерпул, Марковиќ комесар за безбедност на меч во Холандија

И последните годинашни натпревари во групната фаза во европските купови  не може да  минат  без функционери од Фудбалската  федерација на Македонија што е уште еден доказ на големата доверба во нивната работа од страна на УЕФА кон нашите претставници во европската куќа на фудбалот.

Најодговорна задача му е доверена на генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски кој ќе биде организациски директор на мечот меѓу Милан и Ливерпул во Лигата на шампионите што се игра во Милано на 7. декември.  Тој натпревар одлучува дали Милан со евентуална победа или со реми ќе остане напролет во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа. Во случај на пораз ќе се збогува од овие  натпревари. За конечниот пласман во оваа група одлучува и мечот меѓу Порто и Атлетико Мадрид.

На 9. декември во Запорожје, во Украина, организациски директор на мечот меѓу Зорја и норвешкиот клуб Бодо Глимт во рамките на Конференциската лига на Европа ќе биде и менаџерот за фудбал во ФФМ, Жарко Игњатовски.

Ќе патува и комесарот за безбедност на ФФМ, Роберт Марковиќ. Тој во Амстердам на 9. декември ќе се грижи за безбедноста на мечот меѓу холандскиот клуб Витезе и Мура од Словенија. Средбата е од групната фаза на Конференциската лига на Европа.

М.М.

Се вчитува...