Филип Поповски организациски директор на мечот Милан – Динамо

Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија Филип Поповски и во годинашнава сезона од групната фаза во Лигата на шампионите ќе биде организационен директор на сите средби што ќе ги игра италијанскиот шампион Милан на стадионот Сан Сиро во Е групата против Динамо од Загреб, Челзи и Салцбург. Вечерва, на 14. септември по налог на УЕФА тој ќе се грижи за организацијата на мечот од второто коло меѓу Милан и загрепски Динамо.

Како што е познато во првото коло Динамо го победи Челзи со 1-0, додека Салцбург и Милан одиграа нерешено 1:1. Интересно е да се напише дека Поповски и во изминатата сезона во Лигата на шампионите беше исто така организационен директор на средбите на Милан со Атлетико Мадрид, Порто и Ливерпул.
Како организационен директор во европските купови во групната фаза од страна на УЕФА ангажиран е и менаџерот за фудбал во ФФМ Жарко Игњатовски. Тој ќе биде директор на сите средби во Лига на Европа на клубот Шериф од Молдавија, што ќе ги игра на свој терен.

Во второто коло Шериф на 15 септември во Кишињев ќе игра со англискиот гигант Манчестер јунајтед. Во оваа Е група се уште шпанскиот клуб Реал Сосиедад и Омонија од Кипар. Во првото коло Шериф ја победи Омонија со 3-0, додека Реал Сосиедад беше подобар од Манчестер јунајтед со 1-0. Во изминатата сезона Игњатовски беше организационен директор на сите средби во Лига на Европа што ги играше на свој терен Шахтјор од Доњецк, против Брага /Португалија/, Лестер Сити /Англија/ и АЕК од Грција.

/М.М/

Се вчитува...