Постекоглу: Се селам во Шведска таму нема ВАР

Тренерот на Тотенхем, Анже Постекоглу е последен кој го критикуваше ВАР системот, шегувајќи се со англиските медиуми дека ќе се пресели во Шведска каде го нема овој систем за утврдување на недозволени ситуации.

Бројни фудбалски првенства во светот го воведоа ВАР системот со цел да се олеснат и прецизираат судиските одлуки, меѓутоа меѓу нив не е Шведска.

„Да, ќе се селам таму. Немам ангажман, едноставно таму ќе се селам“, се пошегува Постекоглу кој продолжи „Би променил многу работи поврзани со ВАР. Но, како што кажав мислам дека битно ВАР го промени фудбалот, што мислам дека не беше намерата кога го воведоа“

Се вчитува...