Финален тренинг на „Филип Втори“ пред утрешниот меч со Ерменија (ФОТО)

Македонските репрезентативци претпладнево на националната арена „Филип Втори“ го одработија финалниот тренинг пред утрешниот натпревар против Ерменија во Лигата на нациите.

Селекторот Игор Ангеловски сметаше на сите расположиви сили. Како и за претходниот дуел во Гибралтар и сега на располагање се сите повикани репрезентативци без никакви проблеми со повреди.

Се очекува Ангеловски и против Ерменците да настапи со составот кој ја почна пресметката против Гибралтар.

Ерменците на „Филип Втори“ денеска ќе тренираат од 18 часот. Пред тоа е закажана и прес-конференцијата со селекторот на Ерменија, Вардан Минасјан.

Се вчитува...