Финалистите во ЛШ ќе добијат по 4.000 билети за своите навивачи

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави дека финалистите на годинашното издание во Лигата на шампионите ќе добијат по 4.000 билети за своите навивачи. Финалниот натпревар во Истанбул ќе се одигра на 29. мај.

Манчестер сити со синоќешниот триумф против Пари Сен Жермен обезбеди пласман во финалето, а својот противник ќе го добие вечерва кога во второто полуфинале се среќаваат Челси и Реал Мадрид. Првиот натпревар кој се играше на „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид заврши без победник 1-1.

 

Се вчитува...