Фиорентина го купува Хесе Родригез?

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина влезе во преговори за ангажман на Хесе Родригез, шпанскиот интернационалец кој е под договор со ПСЖ, а минатата сезона ја мина на позајмица во Лас Палмас. Ова лето се очекува „виолетовите“ да останат без неколку значајни фудбалери, меѓу кои и Бернардески, Калиниќ, Борха Валеро, па раководството се обидува да пронајде соодветни замени.

Една од желбите е Хесе Родригез, чија цена сега е значајно падната поради слабите игри во изминатите две сезони. Но, сепак, тој има педигре на напаѓач кој ја минал школата на Реал Мадрид. На листата на желби на Фиорентина е и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој најверојатно ќе го напушти Палермо, кој испадна во Серија Б.

Се вчитува...