Фиорентина го смени тренерот и конечно победи (ВИДЕО)

Екипата на Фиорентина конечно, во четвртото коло ја прекина серијата порази и за првпат се радуваше во Серија А. Смената на Фабио Гросо и враќањето на Паоло Ваноли кој минатата година седеше на клупата на „виолетовите“ се покажа како одлична шок-терапија и на првиот натпревар даде резултат.

Во првиот меч од четвртото коло во Серија А, Фиорентина на гости со 2:4 славеше против Венеција која е закована на дното на табелата со четири порази.

Резултатот го отвори домашниот тим во 22-та минута со голот на Адамс, но „виолетовите“ до крајот на полувремето направија пресврт благодарение на Мастантуоно кој го постигна два гола за две минути, во 29-та и во 30-та.

Во вториот дел, Пелегрино погоди за 1:3, а Мастантуоно во 84-та минута со својот трет гол ги реши сите дилеми околу победникот. Домаќините преку Хаино до крајот на натпреварот успеаја само да го ублажат поразот.

Се вчитува...