Фиорентина го урна малерот, дојде до триумф по три меча без победа

Фудбалерите на Фиорентина успеаја да ја прекинат негативната серија и победија по пауза од три меча во Серија А. „Виолетовите“ славеа на домашен терен против Удинезе со 2-1, стигнувајќи до 10 освоени бода во новиот шампионат.

Сирил Торо беше двоен стрелец за Фиорентина на овој меч. Францускиот интернационалец го отвори резултатот во 28.минута, а потоа и зголеми на 2-0 во 57.минута. Удинезе намали преку Самир во 72.минута, но немаше сили да стигне и до израмнување на оваа средба.

Се вчитува...