Фиорентина избори финале, а Кабрал се одлучи да не слави со екипата

Фиорентина во 1961 година го освои трофејот во КПК, а сега после долго време има шанса за нов европски трофеј, откако избори финале во Лигата на Конференции. Таму ќе игра против Базел. Фиорентина по продолженијата во финишот триумфираше над Баел, и така успеа да влезе во финалето.

И додека на улиците на Фиренца се славеше големата победа, фудбалерот на „виолетовите“ се одлучи да не слави, односно да си замине дома и да не им се приклучи на своите соиграчи. А причината за тоа е почитта кон својот поранешен клуб Базел.

Кабрал минатите две сезони беше дел од швајцарската екипа, а од оваа сезона го облече дресот на „виолетовите“. Дојде како замена за Влаховиќ кој минатата сезона замина во Јувентус. По завршувањето наместо со своите соиграчи на улиците, си замина дома.

Стручниот штаб и раководоството немаа против оваа одлука на Кабрал и имаа разбирање. Токму Базел му беше првиот клуб на Кабрал после Бразил, и со тоа сакал само да изрази почит кон елиминираниот клуб.

Се вчитува...