Калчолигашот Фиорентина од денеска е на продажба, објави клубот на својот официјален клупски сајт. Сопствениците Диего и Андреа Дела Вале, кои го спасија клубот од банкрот во 2002 година, по барање на верните навивачи одлучија да ги продадат акциите. Наводно, фановите не се задоволни од нивното раководење, па сега се чека вистинскиот купувач кој ќе придонесе во издигнување на клубот.
„Фудбалскиот клуб Фиорентина е достапен за купување. По барање од незадоволните фанови, сопствениците одлучија да го отстапат местото на некој кој ќе се грижи за клубот и ќе го води на вистински пат. Клубот ќе биде продаден на сопственик или сопственици кои имаат сериозни намери, со цел да се задоволат потребите на фановите, така што ќе инвестира во засилувања со кои ќе можат да се надигруваат со останатите италијански гиганти. Во меѓувреме, досегашните менаџери од управата ќе се грижат за клубот и ќе донесуваат заеднички одлуки додека клубот не добие нов инвеститор“, стои во соопштението на Фиорентина.
Семејството Делавале го спаси клубот од банкрот во 2002 година, со нивна помош Фиорентина се врати во Серија А две години подоцна, a oд тогаш редовно настапува во елитата.
Фиорентина летово искажува сериозен интерес за Илија Несторовски, а прогнозите велат дека трансферот на Македонецот сигурно ќе се реализира бидејќи купопродажбата на клубот од Фиренца ќе се одвива подолго време, а може и да не се финишира до крајот на летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА