Фиорентина се одмаздува: Сите фанови кои имаат дрес од Влаховиќ, може да го сменат името

На навивачите и на Фиорентина тешко им падна заминувањето на Душан Влаховиќ во Јувентус, па така се решија да му се одмаздат.

Најпрво се огласија фановите кои испратија соопштение во кое го навредуваа Србинот, кој за 70 милиони евра замина во тимот од Торино.

„Влаховиќ е мал човек без м**иња, без чест и почит. Се декларираше како љубител на виолетовата боја, и не издада, како и многу играчи порано. Но, и управата ги продава нашите играчи на нашите ривали. Ништо не не изненадува, загубивме уште една будала“, се вели во соопштението од „Курва Фиесоле“, најжешките навивачи на Фиорентина.

Во меѓувреме и Фиорентина се реши да го понижи напаѓачот, со тоа што секој кој има дрес од Влаховиќ, може да надомест од 20 евра да го смени во новиот напаѓач Кабрал.

Влаховиќ на презентацијата во Јувентус се заблагодари на Фиорентина и сите луѓе, односно директорите, претседателите и тренерите.

Се вчитува...