Фиорентина убедлива против Спал

Фиорентина на убедлив начин ја оствари третата победа во новата сезона од Серија А, совладувајќи го Спал на домашен терен со 3-0. Марко Пјаца и Никола Миленковиќ во првото полувреме донесоа предност од 2-0 за „виолетовите“.

Во вториот дел, во листата на стрелците се запиша и Федерико Киеза за убедлива победа на домашниот состав.

Се вчитува...