Фудбалерот на Ливерпул, Роберто Фирмино кажа дека во продолжение на сезоната влегува со многу мотивација, откако го пропушти Светското првенство во Катар бидејќи не беше повикан во репрезентацијата на Бразил.
Фирмино добро ја почна сезоната во Ливерпул, постигна седум голови и имаше три асистенции, но Тите се реши да не го уфрли во селекцијата за Мундијалот.
„Нормално е дека фрустрирачки кога нема да добиете повик за Светско првенство, но тоа е дел од Божјиот план, а јас го следам тој план. Тоа дополнително ме мотивира и напорно ќе работам за да се вратам во репрезентацијата“, рече Фирмино.
„Веќе сум рехабилитиран од повредата, ќе тренирам напорно и одиме чекор по чекор“, изјави Фирмино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА