Фирмино надвор од теренот барем неколку недели

Роберто Фирмино беше сменет пред крајот на првото полувреме од натпреварот со Челси, а се чини дека повредата не е особено сериозна, но се очекуваат дополнителни проверки. Како што објави Пол Џојс во вторникот, клубот ги чека резултатите од понатамошните прегледи пред да се постави конечната дијагноза.

Во секој случај, Фирмино во најдобар случај ќе биде надвор од терените неколку недели.

Роберто најверојатно нема да му биде на располагање на Јирген Клоп за дуелите против Лидс (12 септември) и Милан во Лигата на шампионите (15 септември 2009 година).

Се вчитува...