Фирмино не дозволи да запре победничката низа на Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул продолжува со победничката низа во Премиерлигата благодарение само на Фирмино кој со погодок во 84. минута донесе триумф од 1-2 на гостувањето против Вулверхемптон во последниот натпревар од 24. коло.

„Црвените“ поведоа со голот на Хендерсон уште во 8. минута.

Домашните израмнија со погодокот на Хименез во 51. минута, но Фирмино ја донесе 22-та победа за Ливерпул сезонава со голот во 84. минута.


Се вчитува...