Фисник Зука од Шкупи се сели во Хрватска

Уште еден македонски фудбалер кариерата ја продолжува во Хрватска, откако Фисник Зука од редовите на Шкупи реши да си замине од „Чаир“ и во следната сезона да настапува за екипата на Рудеш.

Новиот хрватски прволигаш, на чија клупа до неодамна седеше Игор Бишчан, успешно ги финишираше преговорите со Зука, по што овој фудбалер доби и зелено светло од раководството на Шкупи за преселба во Хрватска.

Овој 21-годишен фудбалер настапува на позицијата лев бек, по потреба може да игра и како централен дефанзивец. Зука се наоѓа на поширокиот список на селекторот Боби Милевски пред новиот циклус на квалификации за младинското европско првенство.

Се вчитува...